Град Скопје го повлече конкурсот за авработување на пожарникари

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го стопираше конкурсот за вработување на 20 пожарникари. На конкурсот кој беше отворен во текот на летото, а веќе беше во завршна фаза, се пријавија 71 кандидат. Во Бригадата за противпожарна заштита би биле ангажирани 20-те кандидати кои би ги поминале сите фази од конкурсот. Претседателката на Советничката група на СДСМ во Град Скопје, Љубица Јанчева, рече дека оваа одлука е на штета на граѓаните, со оглед на тоа што бројот на пожарникари е помал од законски предвиденото.

Од Град Скопје велат дека  конкурсот е повелечен бидејќи по неговото објавување, од јули оваа година, е направена само процедурата за собирање на апликации и документи, и не се предвидени понатамошни активности во конкурсот. Конкурсот е откажан во согласност со законот за локална самоуправа поради недостатоци.

Град Скопје
Град скопје  веќе има подготвено и во понеделник, на 6.12.2021 ќе овбјави нов јавен повик, во три дневни весници и на веб страната на Градот. со ова ќе се исполнат сите предуслови за развој на правична процедура за иззбор на адекватни кадри во бригадата на град скопје.”

Во противпожарната единица во Скопје има 160 пожарникари, но според Законот за пожарникарство, овој број треба да биде 390. С.Македонија има само 24 противпожарни единици, а споредено со бројот на општини тоа е 3 и пол пати помалку од потребното. Вкупно има околу 600 пожарникари, а би требало да бидат над 1.300.