Град Скопје: Предлог-буџетот се доставува до Советот седум дена пред расправата

Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да не се шират лаги, манипулации и дезинформации во врска со расправата по однос на предлог буџетот за 2025 година и тоа од страна на неписмени и нестручни лица кои некако стигнале до микрофон и камера, реагираат од Град Скопје.
„Предлог-буџетот се доставува до Совет на општините седум дена пред расправата за истиот. Ова е предвидено со закон и важи за сите единици на локалната самоуправа.
Согласно глупавата логика на анонимуси од ВМРО-ДПМНЕ без буџет за следната година ќе останат и во “мрак” ќе бидат и општините каде раководат кадрите на ВМРО ДПМНЕ кои исто до денес немаат доставено предлог буџети за 2025 година.
Предлог-буџетот кој ќе го претставиме пред Советот е развоен и инвестициски, а граѓаните на градот Скопје ги повикуваме да не наседнуваат на лагите на анонимуси“, велат од градската власт.