
Од Град Скопје истакнуваат дека новото раководство ги реализираше сите ветувања кои градоначалничката Данела Арсовска ги вети пред граѓаните во нејзината предизборна кампања за првите 82 дена од нејзиниот градоначалнички мандат.
-Она што не можеа со години да го реализираат поранешниот градоначалник и најблиските соработници, Арсовска со својот тим го направи во првите 82 дена од мандатот. Скопјани се главен приоритет и решавањето на проблемите на граѓаните е императивот кој новата градска администрација го постави пред себе.
СДСМ не може да се помири со поразот кој го доживеа, а уште поголем притисок им создава фактот дека ќе се врши ревизија на сите сомнителни тендерски постапки и договори кои што биле склучени во време на Петре Шилегов. Наместо манипулации и лаги, СДСМ треба да се соочи со вистината дека се директно одговорни за неуспесите кои четири години наназад се нижеле во Град Скопје, додека ги трошеле парите на граѓаните за прослави и ручеци по кафеани.
Скопјани јасно знаат кој ги злоупотребувал нивните пари со години и кој придонел за стагнација на градот, а саботажите, нападите и агресијата на СДСМ се должат на тоа што за два месеци гледаат работа која ќе ја потенцира нивната неспособност од изминатите 4 години – се вели во реакцијата на Град Скопје.