Град Скопје: СДСМ Град Скопје: СДСМ како и во минатото, упорно лаже и манипулира со граѓанитекако и во минатото, упорно лаже и манипулира со граѓаните

Градот Скопје има намален број на вработувања по заминувањето на поранешното градско раководство на чело со Петре Шилегов, додека пак СДСМ само во предизборните месеци вработиле речиси 100 административци во Град Скопје. Матрицата на лаги и невистини се уште е дел од секојдневното излегување на СДСМ во јавноста, иако граѓаните одамна ги прочитаа неработењето и расипничкото трошење на народни пари и токму поради тоа промените започнаа токму од Град Скопје, велат од локалната власт.

Од Град Скопје во соопштение порачуваат:

„Додека СДСМ неосновано напаѓа и лаже, граѓаните имаат шанса секојдневно да сведочат на макотрпната работа и реализацијата на проекти кои се од огромна важност за скопјани.

Градот Скопје почна да се менува и модернизира, ниту една лага и невистина на СДСМ нема да им помогнат да го оцрнат она кое што секојдневно се работи за доброто на градот и граѓаните.

За пренатрупувањето на администрацијата и задскривањето на партиските вработувања во изминатите четири години, Градот Скопје ќе излезе со нова прес конференција во наредните денови“.