„На топланата „Скопје Север“ денеска и изречена забрана да користи мазут од страна на инспектори од Секторот за животна средина во Град Скопје, изјави денеска Куштрим Рамадани, директорот на топланата. Тој вели дека не знае дали решението што го добиле е во согласност со закон и најави дека ќе го обжалат.
Министерот за економија Крешник Бектеши претходно изјави дека во законот е предвидена можност да се користи алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, односно мазут или дизел, но, како што порача, кога ќе се користи, мора да се запазат процедурите во државата.
„За нас е приоритет да не се доведеме во таква ситуација да треба да користиме алтернативно гориво за Исток и за Запад, со кои ние менаџираме како држава преку ЕСМ. Во делот на Скопје Север има Инспекторат за животна средина ако во случај работи со мазут или со дизел освен природен гас да ги проверат нивните лиценци и процедурите како ги ставиле овие енергенси во функција“, рече Бектеши.
Министерот додаде дека на топланата Скопје Север ѝ се понудени две опции, да се склучи договор за деловно техничка соработка или договор за закуп, по примерот со топланите Скопје Исток и за Скопје Запад, но досега нема повратен одговор од раководството.