Град Скопје заедно со Тетово и Гостивар во топ три најзадолжени општини

Град Скопје со доспеани а неплатени обврски во износ од 7,3 милиони евра, на крајот на 2023 година се најде меѓу најзадолжените. Во првите десет и натаму котираат Тетово и Гостивар. На новата должничка листа, со милионски долгови,  голем број на јавни претпријатија формирани од државата, Град Скопје и од општините. Порталб ги рангира десетте најзадолжени општини и Јавни претпријатија.

Вкупниот долг на општините изнесува речиси 59 милиони евра. Во првите 10 најзадолжени општини и во 2023 година се Тетово и Гостивар. Според податоците од Министерството за финансии, општина Тетово со доспеани а неплатени обврски во износ од 8,3 милиони евра е рангирана на 9 место на новата должничка листа на сите должници. Локална власт на Тетово  пријавила уште 109.00 евра по основ на недоспеани обврски. Општина Гостивар со доспеан неплатен долг од речиси иста сума како Тетово, 8,3 милиони евра е рангирана на 10 место. Веднаш зад овие две општини е Град Скопје со доспеани а неплатени обврски во износ од  7,3 милиони евра.

Доспеани а неплатени обврски 2023

Општина Тетово                                8.337.000 евра

Општина Гостивар                             8.316.000 евра

Град Скопје                                       7.335.450 евра

Општина Охрид                                  5.210.000 евра

Општина Делчево                              3.135.430 евра

Општина Желино                              2.303.143 евра

Општина Кисела Вода                       1.795.100 евра

Општина Струга                                1.701.300 евра

Општина Василево                            1.508.00 евра

Општина Аеродром                           1.092.200 евра

Според висината на долгот, трета најзадолжена е Општина Охрид со износ од 5,2 милиони евра, а милионски долгови пријавиле и Општина Делчево 3,1 милион евра, Општина Желино  со 2,3 милиони евра, Општина Кисела Вода со износ на долг од 1,7 милиони евра и Општина Струга со приближно иста сума од 1,7 милиони евра. Општина Василево пријавила доспеани а неплатени обврски во износ од 1,5 милиони евра а Општина Аеродром должи скоро 1,1 милион евра. Долгот на останатите општини се движи под еден милион евра.

Општинските јавни претпријатија должат 77 000 000 евра. Меѓу најзадолжените јавни претпријатија формирани од Град Скопје е ЈП Водовод и канализација – Скопје кое со доспеани обврски во износ од 9 милиони евра се наоѓа на 7 место на новата должничка листа. Слична сума должи и ЈП Водовод Куманово кое е рангирано на осмото место.  Со висина на долг од  6,4 милиони евра , на 13 место се наоѓа ЈП Колекторски систем – Скопје а со милионски долгови зад него се рангирани ЈП Водовод Охрид со скоро 6,1 милион евра и ЈКП Тетово со 5,7 милиони евра.

Доспеани а неплатени обврски 2023

ЈП Водовод и канализација – Скопје                     9. 072.305 евра

ЈП Водовод Куманово                                            9.042.344 евра

ЈП Колекторски систем Скопје                              6.409.000 евра

ЈП Водовод Охрид                                                 6.100.000 евра

ЈКП Тетово – ЦО Тетово                                        5.745.644 евра

ЈСП Скопје                                                            4.496.141 евра

ЈП Комуналец Струмица                                         4.161.700 евра

ЈП Водовод и канализација Струга                         3.790.675 евра

ЈП Чистота и зеленило Куманово                            3.591.400 евра

ЈП Комуналец Гостивар                                          3.437.400 евра

ЈСП – Скопје кое во континуитет се соочува со политичко-финансиски превирања, на крајот на 2023 година пријавило долг во износ од скоро 4,5 милион евра. ЈП Комуналец Струмица пријавило долг од  речиси 4,2 милиони евра а зад него се ЈП Водовод и канализација Струга со доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 3,8 милиони евра, ЈП Чистота и зеленило Куманово со 3,6 милиони евра и ЈП Комуналец Гостивар со пријавени 3,4 милион евра.

Вкупниот долг на сите ЈП на државно, градско и локално ниво на крајот на декември 2023 та изнесувал скоро 77 000 000 евра. Јавните претпријатија во континуитет се соочуваат со финансиски проблеми кои се заострија со енергетската криза но во исто време го задржуваат статусот на државни фирми за вработувања по партиски клуч.