Град Скопје ќе додели по 100.000 денари помош за семејствата на загинатите кај Ласкарци

По 100.000 денари, еднократна парична помош ќе им додели Град Скопје на семејствата на загинатите во тешката сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Скопје – Тетово, кај Ласкарци.

Одлуката треба да биде усвоена на денешната седница на Советот на Град Скопје на која ќе се расправа по единствена точка на дневниот ред – Одлука за определување еднократна парична помош за семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа кај село Ласкарци.