![grad-skopje-strategija-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/grad-skopje-strategija-1.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Советот на Град Скопје одобри парична помош за настраданите од поплавите во Србија, Босна и Херцеговина, како и за настраданите во рударската несреќа во Маниса, Турција.
Градот Скопје, како Град на солидарноста, одвои три милиони денари парична помош – еден милион за Србија, еден милион за Босна и Херцеговина и еден милион за Маниса, Турција.
Претходно за време на поплавите, Градот Скопје во координација со надлежните власти во Србија и БиХ испрати конкретна помош за полесно справување со последиците од поплавите и тоа:
– Едно противпожарно возило опремено со две моќни пумпи за испумпување вода и дополнителна опрема, чамец за спасување и екипа од шест пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје, кои се вклучија во извлекувањето на настраданите, како и шлепер со флаширана вода за пиење и 50.000 вреќи за песок во Република Србија;
– Две противпожарни возила од кои едното опремено со моќни пумпи за испумпување на вода, и екипа од шест пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје кои се вклучија во извлекување на настраданите во Босна и Херцеговина.