Град Скопје: Пoчнува четвртата фаза на прскање против комарци

Град Скопје соопшти дека четвртата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе почне на 31 јули (авионско) и на 4 август (терестрично).

Терестричната дезинсекција ќе почне на 4 август (недела) и ќе заврши најдоцна до 7 август (среда). Оваа дезинсекција ќе се одвива во периодот од 23 до 4 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција, посочуваат од Град Скопје и ги информираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.