Градот Скопје реагира на информациите објавени во дел од медиумите во врска со исечени дрвја кај Собрание во Општина Центар.
Ви ја пренесувме реакцијата во целост:
Сакаме да Ве информираме дека во текот на изминативе денови, во силното невреме и поројните дождови, на повеќе локации во Скопје се скршија поголем број гранки од дрвјата коишто предизвикаа голема материјална штета, така што и во конкретниов случај станува збор за отстранување на паднати и искршени дрвја.
По невремето кое го зафати Скопје во саботата попладне на 2 јули 2016 година екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ извршија повеќе интервенции за да ги санираат последиците од невремето. Се расчистуваа паднати дрвја и гранки на 40 локации во градот во текот на изминатиот викенд, односно се интервенираше на булеварите Александар Македонски, 11 Октомври, Кочо Рацин, Илинден, Партизански одреди, Митрополит Теодосиј Гологанов, Трета Македонска бригада и булеварот Кирил и Методиј, кај Детска болница Козле, на улиците Македонија, Цетинска, Благоја Перовиќ, Симеон Кавракиров, Киро Крстевски Платник, Вера Јоциќ, Лазар Личеновски, Лондонска и на улица Бетовенова, кај Момин Поток, кај хотел Холидеј Ин, на кеј Димитар Влахов, во населбата Радишани во Сарај спроти општината, во населбата Радишани и вториот дел на Градски парк.
Ви посочуваме во иднина пред да објавувате текстови да не контактитате за да добиете соодветен одговор и да не се доведувате во ситуација да ја дезинформирате јавноста, регираат од Град Скопје.