Град Скопје: Во отсуство на проекти Жерновски се занимава со политички маркетинг

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, продолжува да се занимава со политички маркетинг во отсуство на реални проекти за подобрување на животот на жителите на Центар, реагираат од Град Скопје.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на Град Скопје

 Да потсетиме, Градот Скопје, по барање на ДГ Бетон АД Скопје за издавање  решение за изградба на настрешница во функција на објект со група на класа на намени Б-Комерцијални и деловни намени, со основна класа на намени Б4-Деловни дејности и Б5-Хотелски комплекси, издава Решение за одобрување на барањето со број 15/13-2287 од 26.02.2015 година.

Целокупната постапка е во согласност со Закон и во целосна надлежност на Град Скопје.

Ова барање е одобрено врз основа на член 73, став 1, алинеја 14 и член 74, став 1 од Законот за градење, а во врска со член 205, став 1 и член 209 од Законот за општа управна постапка.

Сакаме да го потсетиме градоначалникот Жерновски дека во овој случај не станува збор за урбана опрема туку за настрешница на објект за која е издадено решение согласно  со законските прописи во Република Македонија.

За жал, Андреј Жерновски не ги познава надлежностите на институцијата на која е градоначалник и уште еднаш го повикуваме да изврши увид во целата документација, а општинските инспектори да постат согласно на законот.

Сакаме да го информираме господин  Жерновски дека Градот Скопје нема градежна инспекција и дека нема надлежност да врши увид на објекти.