
Најмалку 40 лица се повредени во синоќешниот налет на град на Софија, пренесоа медиумите во регионот.
Луѓето имаат повреди на главата, лицето и меките ткива и на поголемиот дел од нив им е пружена медицинска помош и се испратени дома, пишуваат новинските портали од соседството.
Сепак, неколку лица се задржани на лечење, од кои најтешко повреден е еден дваесетгодишен човек, кој од прскање на стакло се здобил со тешки повреди заради кои морале да го оперираат. Освен повредите на луѓе и животни, синоќешниот десетоминутен налет на град со големина на јајце, предизвикал и значајна материјална штета во главниот град на Бугарија.