Град со големина на орев вчера го погоди приградскиот скопски регион, јави порталот „Прес 24“.
Во Петровец уништени се земјоделските посеви, оштетени се фолиите но и ролетните на куќите.
Градот паѓал само пет минути, но тоа било доволно да предизвика значителна штета.