На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, поради изведување градежни работи со минирање денеска меѓу 12 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин, во времетраење од 15 до 20 минути, најави Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.