Градежни работници, кои извршувале градежни работи на куќа во кичевското село Челопеци, го пронашле починат нивниот колега 60-годишниот Н.Ќ. од Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Случајот од кичевската полиција бил пријавен во петокот, околу 17,45 часот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.