Оваа фотографија од автобуска постојка во Скопје кружи по социјалните мрежи, а граѓаните се прашуваат како можело да се направи ваква грешка.
На местото каде е поставена автобуската постојка поминува велосипедска патека и тоа во две насоки.
Се жалат и граѓаните и велосипедистите на хаосот што се создава на ова место, а не можат да одлучат ниту кој има предност. Тие бараат одговорност од градоначалнбикот на град Скопје, кој цела кампања тврдеше дека ќе се гради по план, се дел од коментарите на фотографијата на Фејсбук.