– Минатата година во август ја започнавме изградбата на овој објект кој што е во завршна фаз. Пристигната е опремата, а набрзо ќе започне и нејзиното инсталирање. Градинката ќе создадае дополнителен капацитет за 80 деца колку што во моментов изнесува листата на чекање, истакна Спасов.
Заменик министерот најави дополнително проширување на капацитетот на градинката за која, како што рече, веќе е разговарано со градоначалникот, а простор ќе се обезбеди во основното училиште „Кочо Рацин“ во општината.
Спасов потсети дека во завршна фаза се и уште неколку градинки во Скопје и околината, меѓу кои во Илинден, Зелениково, Бутел, Кисела Вода, Карпош…
Градоначалникот Митевски информира дека се очекува градинката да ги прими првите дечиња за околу два месеци со што, како што рече, ќе им се олесни на родителите да ги извршуваат своите работни обврски, знаејќи го фактот за позитивното зголемување на вработувања на жителите од Петровц.
Вкупната вредност на градинката е 15 милиони денари, од кои 10 се од буџетот на Општина Петровец, а останатите пет од Министерството за труд и социјална политика. Градинката има три занимални, кујна и помошни простории.