Градоначaлничката Арифи ја назначила сестрата за заменик директор во тетовско училиште

Во некои училишта во градот Тетово деновиве имаше промени на раководните функции, госпоѓата Теута Арифи, која честопати нагласува дека во нејзината општина нема непотизам, остануваат само празни зборови, пишува порталот на албански јазик InfoShqip.com

Во основното училиште „Истикбал“ во Тетово, таа си ја именувала нејзината сестра, Кујтиме Беќири за заменик директор.

Пред неколку години, Теута Арифи од позицијата директор на средното медицинско училиште „Никола Штејн“ ја отпушти сопругата на Хазби Лика, бидејќи тоа за неа беше непотизам и денес таа ја назначува на позицијата заменик директор нејзината сестра.

Сигурни извори за „Инфошкип“ велат дека Кујтим Беќири, пред една година почнала со работа во ова училиште како библиотекарка.