Градоначалничката на Арачиново имала сообраќајка во Приштина

Градоначалничката на општина Арачиново, Миликије Халими, доживеала сообраќајна несреќа во Приштина за време на семејно патување. Во сообраќајката се повредила и нејзината ќерка, меѓутоа таа е надвор од животна опасност.

Како што информираа на официјалната интернет-страна на Општина Арачиново, Халими претрпела мала телесна повреда.