Градоначалникот Мерко добил закана по живот, ги вратил сите овластувања во Владата

Откако добил вербална закана по живот струшкиот градоначалник Рамиз Мерко денеска преку писмо соопшти дека се откажува од ингеренциите врз Општината и бара од Владата таа да почне да раководи со градот Струга.

Мерко во телевизиска изјава за тв 24 потврди дека доби закана која ја пријавил во полиција, но за став околку писмото кое предмалку излезе во јавноста адресирано до Премиерот Заев остана недостапен.

Во писмото кое предмалку излезе на неколку портали Мерко го информира Премиерот Заев дека со намера спроведување на Законите, сите надлежности на Општината за урбанистичко планирање градежни дозволи и давање на концесии како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО и ги предава на Владата. Ви писмото меѓудругото пишува дека вакавата одлука е резултат на последните случувања и долгорочната кампања која се води против градот Струга и градоначалникот на оваа Општина.