Ален Жипе, поранешен француски премиер, министер во повеќе ресори и несуден претседателски кандидат на десноцентристичката партија Републиканци за ланските претседателски избори, сега градоначалник на Бордо, сцена на бередита на протестите на движењето Жолти елеци во саботата ноќта, во недалата изјави оти смета дека претседателот Емануел Макрон мора „конкретно да одговори на некои легитимни очекувања“, дека мора да одржи „решителен говор“ упатен до Французите, но истовремено да покаже „разбирање и емпатија“.
Жипе, кој во неделата направи прошетка по улиците на Бордо кои најмногу настрадале во протестите, рече и дека „Жолтите елеци одговорни за безредијата би требало да престанат да повикуват на протести“, бидејќи тоа значи „да се повикуваат кршачите на натамошни акции“, и оти „се ризикува урбаната герила да излезе од контролата“.
„Овие немири мора да се прекинат.. Претседателот на Републиката треба да проговори, и тоа многи скоро. На Французинките и на Французите мора да им упати решителен говор. Тој говор мора да биде силен и одлучен, но истовремено од него треба да извираат разбирање и емпатија, бидејќи бројните барања на ’Жолтите елеци’ заслужуваат да бидат разгледани“, напиша Жипе на Twitter во неделата утрото.
Градската комунална служба на Борде од утрото е целосно ангажирана на расчистување на трагите од вчерашните безредија, посебно во главната градска улица која го носи името на Виктор Иго, пренесуваат медиумите. Според податоците на градската префектура, полицијата во Бордо привела 69 лица, од кои 54 се задржани во притвор. Повредено е 31 лица, од кои шест полицајци и 26 цивили.