Актуелниот градоначaлник на скопската општина Шуто Оризари, кој воеднo е и кандидат за истата функција на претстојните локални избори, Елвис Бајрам, и уште едно лице кое било со него, крвнички биле претепани со метални и дрвени прачки, попладнево, од група насилници.
Според првичните информации до кои дојде Нетпрес, Бајрам бил во друштво со лицето Аднан Мемет, кое е дел од неговиот изборен штаб. Двајцата оделе во посета на жители на населбата Шуто Оризари, како дел од предизборната кампања.
Околу 17.50 часот додека се движеле по улицата Гвадалахара, четири непознати лица, без никакви причина, физички го нападнале прво Аднан, а потоа и Бајрам. Откако со тупаници ги собориле на земја, почнале да ги удираат со клоци и со метални и дрвени прачки.
Од крвничкото тепање Елвис Бајрам паднал во безсознание.
Насилниците побегнале, а екипа на Брзата помош констатирала тешки повреди кај Бајрам. Веднаш бил одвезен во скопската градска боница „Осми септември“, каде поради сериозноста на повредите бил хоспотализиран и според тамошните информации е во критична состојба.
Случајт бил пријавен и во полиција.