Граѓаните секојдневно ги гледаат незапочнатите улици и неизградените автопати низ Македонија, кои се само бледа сенка на она кое градоначалниците и министерот Бочварски го ветуваа бомбастично пред четири години.
СДСМ потфрли и излажа за се’ она кое го вети и наместо локален развој и напредок, успеаја да ги задолжат општините неспособните кадри на власта. Се избетонира сето зеленило во урбаните општини, зграда до зграда за плус тендер во четири очи, а реализацијата на штетните ДУП-ви е во полн ек, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Благој Бочварски.
Од партијата го потсетуваат министерот кој сега се фали дека обезбедувал подобра инфраструктура, дека стојат како лажни бедеми на ветувањата на власта автопатот Кичево кон Охрид, автопатот Скопје кон Блаце, пругата кон Бугарија, експресниот пат Градско-Прилеп, регионалниот Прилеп-Битола, гасификацијата на Македонија, и стотици други кои незавршени проекти на оваа власт.
– Бочварски се фали со проектот „Македонија без кал“, реализирале смешни 50-тина километри асфалт, а со ова темпо до 450-те ветени километри ќе стигнат веројатно во 2031 година. СДСМ не знае да креира политика и програми кои ќе значат инфраструктурен прогрес и инвестиции во општините кои ги водат, затоа што не знаат како. Власта по општините се фали со смешни проекти кои јавноста ги исмејува како мостчето во Битола или кровот во Куманово. Од толку што се добри политиките на Бочварски, Македонија останува да биде слепо црево во Европа, додека регионот работи со забрзан развој. Факт е дека oваа Влада предводена од СДСМ и Заев не бележи никакви успеси во полето на инфраструктурата. Затоа време е за нови луѓе кои ќе работат често и посветено и ќе обезбедат локален развој. Време е за Македонија која ќе биде лидер во инфраструктурниот развој, Македонија за сите луѓе, додаваат ВМРО-ДПМНЕ.