Во СДСМ не може да набројат ни два проекти на нивните градоначалници во изминатите сто дена, а не пак да презентираат отчет, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ и ДУИ освен што се синоним за криминал и корупција, се познати и по својата неспособност, неработење и неодговорност. Тие оставија неколку десетици милиони евра долгови во општините поради нивните матни зделки, ненаменски трошења и луксуз. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и покрај ваквата ситуација која ја наследија и покрај сегашните опструкции од централната власт успеаа да завршат и започнат 1090 проекти, Започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта. Точно 206 улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 км. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. Расчистени се повеќе од 200 диви депонии. Само во Охрид во финална фаза е реконструкцијата на плоштадот Крушевска Република. Булеварот „Македонски просветители“ е веќе навлезен во втора фаза од реализација, како и катната гаража која е влезена во финална фаза, велат од партијата.
Од таму додаваат дека во Битола отпочна проектот за рехабилитација, реконструкција и зградба на 23 улици, во Ресен асфалтирани се 10-тина локални патишта и улици. Во Прилеп во завршна фаза е поставувањето на новиот цевковод во должина од 3.000 метри, Општина Илинден гради ново основно училиште, а наскоро општините Кавадарци и Велес ќе добијат нови затворени градски пазари.
-Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека можат и умеат, со нова енергија и план, со посветена работа и визија за подобар живот на сите граѓани, стои во нивното партиско соопштение.