Градоначалникот на скопски Аеродром, Тимчо Муцунски разликата од покачувањето на платата кое го добија сите избрани и именувани функционери во следните месеци ќе го донира за лекување на младиот Леонид кој пред неколку недели доживеа несреќа во Грција.
Станува збор за младо момче, успешен и амбициозен средношколец од општина Аеродром кој во изминатиот период со финансиска поддршка од Општина Аеродром учествуваше и неговиот тим го освои првото место на меѓународниот натпревар „NASA Space Apps Challenge“.
-Освен, финансиската поддршка од Градоначалникот Муцунски, Општина Аеродром во следниот период ќе организира хуманитарен настан каде собраните средства ќе бидат донирани токму во оваа намена. Муцунски пред неколку месеци најави дека со разликата во платата ќе дава поддршка во различни хуманитарни настани и ќе поддржува лица со социјален ризик. Согласно, оваа најава тој во изминатиот период, во неколку наврати даде поддршка за десетина хуманитарни иницијативи и настани, велат од општина Аеродром.