Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска изјави дека Градот Белград ќе испрати барање до Дирекцијата за игри на среќа во Министерството за финансии за затворање на сите обложувалници лоцирани на несоодветна оддалеченост од училиштата.
Шапиќ за Беоинфо изјави дека тоа е предлог на опозицијата и оти прифатил да испрати барање до училиштата да му достават список со обложувалници кои спротивно на законот се поблиску до училиштата од предвиденото.
Белградскиот градоначалник ја покани опозицијата, доколку и тие имаат список со обложувалници неправилно оддалечени од училишта, да го испратат до Градското собрание, а тој ќе биде дополнет со она што ќе го испратат училиштата.
– Контролата и излегувањето на терен би можело да се направат во текот на јули и август, а од септември може да започне и затворањето на неправилно лоцираните обложувалници, рече Шапиќ