Градоначалникот на Бриж избоден со нож во вратот

Градоначалникот на Бриж во Белгија, Дирк Де Фов (62) денеска беше прободен со нож во вратот, а по операцијата закрепнува и е вон животна опасност, додека неговиот напаѓач е уапсен, објави обвинителството на градот.

– Тој е добар, но мора да остане во болница до утре, додаде обвинителството во соопштение.

Според првичните извештаи, градоначалникот, кој исто така е адвокат, бил нападнат од поранешен клиент кого некогаш го бранел на суд.