Градоначалникот на Бутел доби ќерка

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, објави на својот фејсбук профил дека денеска, на неговиот роденден, по трет пат станал татко.

„На мојот 36ти роденден добив ќерка, по трет пат станав татко. Се поклонувам на мама Тамара, лавица! Голема благодарност до целиот медицински тим на чело со д-р Весна Чибишева. Слава на св. Петка. Слава на ГОСПОД“, напиша Костовски.