
Градоначалникот на турскиот мегалополис Истанбул, Екрем Имамоглу, објави во вторникот дека планира повторно да се кандидира на локалните избори во март следната година, и покрај потенцијалната забрана за извршување политички функции.
Водството на неговата секуларна главна опозициска Републиканска народна партија (CHP) ќе ја донесе одлуката за кандидатурата, изјави Имамоглу пред новинарите.
„Имам намера да го заштитам Истанбул од неправдата и уништувањето на природната средина“, рече актуелниот градоначалник.
Имамоглу го критикуваше турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, меѓу другото, и поради растот на животните трошоци и приливот на бегалци од Блискиот исток без директно да го спомене.
Имамоглу беше сметан како потенцијален ривал на Ердоган за претседателската функција на годинешните избори, а сега за следниот период. На локалните избори во 2019 година со тесна победа тој стави крај на 25-годишното владеење на партијата на Правдата и развојот (AKP) на Ердоган и на неговите кознервативни претходници во најголемиот град и финансиска престолнина на Турција. Меѓутоа, Имамоглу нема мнозинство во градскиот совет на Истанбул, што го отежнува спроведувањето на повеќето негови клучни планови.
Минатата 2022 година судот го осуди Имамоглу на повеќе до две години затвор по обвинението кое предвидуваше четиригодишна затворска казна, како и забрана за извршување на политички функции поради навреда на јавни службеници. Доколку оваа пресуда стане правосилна, тој веќе нема да може да извршува никаква политичка функција. Турската опозиција и со неа поврзаните групи за човекови права тврдат дека процесот бил политички мотивиран.
Исто така, од јануари годинава Екрем Имамоглу се соочува со уште една тужба во која се товари дека намстил јавна набавка додека бил градоначалник на истанбулскиот кварт Бејликдузу. Обвинението, доколку биде докажано, носи казна затвор до седум години.
Случајот е отворен по истрагата на Министерството за внатрешни работи, а по дозвола на Државниот совет кој нашол дека е соодветно да даде дозвола за почеток на истрагата во октомври 2020 година. за јавен тендер за конкурс за вработувања кадар во културните центри и услуги од културни и уметнички организации од крајот на декември 2015 година. Компанијата која загубила на тендерот поднела приговор, но тој бил отфрлен од тогашните општински власти.