Градоначалникот на Крива Паланка доби „подарок“ боксерски ракавици

Веднаш неотповиклива оставка! За спомен боксерски ракавици! Во Општина Крива Паланка нема место за тепач градоначалник.

Оваа објава осамна на фејсбук страната на Унијата на млади сили на ВМРО-ДОМНЕ-ОК Крива Паланка, откако полицискиот службеник од Крива Паланка, Кристофер Стоевски, кој преку Фејсбук објави, дека ноќта на 13 јануари бил физички нападнат од градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој му удрил две шлаканици.

Тој случајот го пријавил во полиција веднаш по настанувањето на целокупниот хаос и има записници за истиот.

Инаку, настанот се случил на ден 13 јануари, после полноќ, кога по завршување на забава во Етно Гостилница Воденица 3, Стоевски, го напуштил локалот со својата девојка. По судирот на излезот меѓу 2 возила сообраќајот бил во застој неколку минути, по што во пијана состојба градоначалникот го нападнал со 2 шамари затоа што чекал со автомобилот на пат.

фото: Фејсбук на УМС ВМРО ДПМНЕ-ОК Крива Паланка