Граѓаните со градоначалниците на СДС наместо проекти добиваат насилство и закани, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски наместо да создава подобри услови за живеење на граѓаните, тој тепа и напаѓа свои сограѓани по улици.
Градоначалникот Сашко Митовски на 14-ти јануари во алкохолизирана состојба нападнал полицаец без никаква причина. А, по инцидентот, биле упатувани закани до полицаецот и до неговото семејство за да ја повлечат пријавата против градоначалникот Митовски.
Уште пострашно е тоа што, овој невиден скандал СДС се обиде да го заташка, наместо веднаш да побара оставка и одговорност од нивниот сопартиец. По сторениот скандал градоначалникот Митовски не е достоен на функцијата што ја има како градоначалник, тој веднаш треба да си поднесе оставка.
Ова не е само обично насилство, бидејќи е направено од човек кој ја користи моќта која му ја дава функцијата за да ги напаѓа своите сограѓани.
СДС и нивниот сопартиец Митовски треба да знаат дека одговорност за нивното самоволие ќе има. Народот веќе не се плаши на шерифувањето и заканувањето на СДС, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.