Градоначалникот на Лос Анџелес ја одбил понудата на Бајден

Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети, изјави дека ја одбил понудата за работа во администрацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден поради пандемијата на коронавирусот.

Гарсети, кој се споменува како можен кандидат за министер за транспорт во администрацијата на Бајден, рече дека со зголемувањето на случаите на Ковид-19 во вториот по големина американски град, смета дека треба да остане на функцијата градоначалник.

Гарсети, кој е во домашна изолација откако неговата ќерка се покажа позитивна на „ковид-19“, посочи дека најголемиот број случаи на инфекција и смрт биле регистрирани во вториот по големина американски град во средата.

„Очекуваме да имаме повеќе мртви тела отколку што имаме простор“, рече градоначалникот и додаде дека тоа го плаши.