Градоначалникот на Неготино упати честитки до сограѓанинот Лазов кој освои сребрен медал на шаховската Олимпијадата

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов денеска упати честитки до сограѓанинот Тони Лазов, кој освои сребрен медал на шаховската Олимпијада.

– Како градоначалник на општина Неготино, упатувам искрени честитки до нашиот сограѓанин Тони Лазов, кој на шаховската Олимпијада во Будимпешта го оствари најголемиот успех во кариерата, освојувајќи сребрен медал за својот индивидуален настап на втората табла, со рејтинг перформанс 2.763, настапувајќи за репрезентацијата на Македонија, напиша Стојанов на Фејсбук.

Тој рече дека со освоени 7,5 бодови од осум партии, Лазов се етаблираше како иден лидер на националната селекција, а воедно на својот актуелен рејтинг од 2.360 поени, ќе му бидат додадени нови 33 поени освоени на Олимпијадата.

– Честитки и до тренерот на Лазов, велемајсторот Трајко Недев, кој го подготвуваше и поддржуваше младиот Лазов, додаде Стојанов.