Градоначалникот на Општина Карпош е позитивен на ковид-19

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19.

„Почитувани граѓани,
Сакам да Ве известам дека денес направив тест за COVID-19 и сум
позитивен на корона вирусот.
Иако ги почитуваме сите протоколи, како општинска администрација не
можеме комплетно да се изолираме и да ги занемариме проблемите на
граѓаните, па вирусот не нѐ заобиколи.
Ве замолувам сите кои бевте во контакт со мене овие денови да бидете
совесни, да ги следите протоколите за самоизолација и да ги превземете
сите потребни мерки.
Јас се чувствувам добро и се надевам дека наскоро ќе се вратам на
обврските во Општина Карпош!“, напиша Јакимовски.