Градоначалникот на Ѓорче Петров апелира граѓаните да пријават кабаст отпат или градежен шут, да не го фрлаате пред контејнерите

Градоначалникот Стојкоски со апел до жителите на Ѓорче Петров.

Имено тој преку статус на Фејсбук повика граѓаните да го пријават отпадот или градежниот шут и да не го фрлаат пред контејнерите.

-Денес во координирана акција со ПСОН Ѓорче Петров беа затекнати повеќе лица со моторни возила како го прекршуваат законот за јавна чистота.

Против истите ќе бидат поднесени соодветни пријави и казни.

Грдите слики покрај контејнерите се резултат на несоодветно одлагање на кабастиот отпад.

Правиме максимални напори со Комунален пункт на Општина Ѓорче Петров за ваквите слики да бидат минато и потребна е поголема вклученост од целата заедница.

Доколку имате кабаст отпад или градежен шут за одлагање услугата може да ја добиете од КХС на телефонот 📞 0800 222 33

Користете услуги само од лиценцирани субјекти кои отпадот го одлагаат на места одредени за тоа, стои во неговиот пост на Фејсбук.