![milo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/milo.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Градоначалникот на Подгорица, Миомир Мугоша лично донел одлука за отстапување на 1579 квадрати на градско градежно земјиште покрај државната резиденција Вила Горица, на блискиот пријател на семејството Ѓукановиќ, Владан Ивановиќ, пишува „Вијести“.
На плацот кој бил зелена површина, но е пренаменет со градска Одлука, во тек е градење на куќа од 480 квадрати во која би требало, според информациите на „Вијести“ да се усели премиерот Мило Ѓукановиќ.
Иако како што пишува на таблата работите треба да бидат завршени за 18 месеци, (почетокот на работите е предвиден за 30 септември 2013) моментно градежните работи се сопрени.