Денес одржавме состанок со координативното тело за зимско одржување на патишта на кој беа презентирани и разгледани оперативната програма за одржување на патишта на Македонија пат и програмата за зимско одржување на ЈП Солидарност, стои во Фејсбук статусот на Миле Петок, градоначалникот на Општина Битола.
Тој информираше и дека на состанокот присуствуваа преставници од Локалната самоуправа, МВР, ЈП Солидарност и државниот инспектор за патишта.