Функционирањето на општината и начинот на носење на одлуки кои имаат за цел да им го подобрат животот на граѓаните, работата на општинската администрација, беа темите на кои денес четвртоодделенците од основните училишта ,,Кирил Пејчиновиќ” и ,,Круме Кепески” разговараа со градоначалникот Ѓорѓиевски. Училница ова утро им беше големата сала во Општина Кисела Вода. Тука, се едуцираа за локалната самоуправа која е дел од предметот Општество.
-Уште едно прекрасно понеделничко утро поминато со оние за кои го вложуваме и последниот наш атом, најмладите жители! Со многу дружба и едукација, започна утрово во големата сала во општината каде на гости ни беа четвртоодделенците од основните училишта ,,Кирил Пејчиновиќ” и ,,Круме Кепески”. Разговаравме за работата на општината и за моите надлежности, во рамки на предметот Општество каде ја изучуваат темата локална самоуправа. И за момент се вратив во училишните денови пред табла, одговарајќи на прашањата кои ми беа поставени. Мислам дека поминав на тестот. Дечињата имаат свои барања, свои желби кои со внимание ги сослушав и дадов ветување дека ќе ги реализираме во најбрз можен рок, како што по нивни барања направивме многу во изминатиов период. Тие се нашата иднина и за нив го правиме сето ова и ќе продолжиме да го правиме и во иднина. Од срце сакам да се заблагодарам и за благодарницата, за песничката која ја напишале за мене и подароците изработени од нивните вредни рачиња-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.