
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со новиот унгарски амбасадор Н.Е. Андраш Клајн. На средбата, тој му ја претстави личната карта на општина Кисела Вода и се задржа на приоритетните проекти кои следуваат предвидени во неговата програма. Проговорија за досегашната одлична соработка со унгарската држава преку Амбасадата во Република Македонија. Имено, Општина Кисела Вода секоја година е дел од чествувањето на Националниот ден на унгарскиот народ и го одбележува со пригодна свеченост пред спомен плочата на Шандор Петефи во населбата Драчево. Петефи е една од клучните фигури во Унгарската револуција од 1848 година и поставувањето на темелите за целосно осамостојување на унгарската држава. Ѓорѓиевски проговори со амбасадорот и за одличната соработка со Здружението на Унгарците во Македонија, „Теледом”, чиј Претседател Јожеф Шутуш беше присутен на денешната средба.