Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска беше во велигденска посета на СОС Детско село.
За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
„ВЕЛИГДЕНСКА ПОСЕТА НА СОС ДЕТСКО СЕЛО.
За мене беше посебно задоволство да бидам денес заедно со дечињата од СОС Детското село согласно традиција на Велики четврток да го украсиме велигденските јајца.
Посебно е чувството кај мене што со денешната посета бев причината за среќа кај тие дечиња кои за жал останале без родителска грижа.
На дечињата им подарив велигденски подароци и им посакав добро здравје, многу среќа и успех.
Општина Гази Баба негува пријателски однос со СОС Детско село преку реализација на заеднички проекти и тоа ќе продолжи така и во иднина“, напиша на Фејсбук Стефковски.