Градоначалникот Витали Кличко најави полициски час во Киев од понеделник навечер до среда наутро

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска најави „засилен полициски час“ во главниот град на Украина од 20.00 часот (по локално време) до 7 часот во среда.

Градоначалникот Кличко рече дека продавниците, аптеките и бензинските пумпи нема да се отворат во вторник. Делови од градот постојано се под оган од руските сили.

„Ги замолувам сите да останат дома – или во засолништа кога ќе се огласи алармот“, рече тој.