Градоначаникот Ѓорѓиевски на работна средба со претставникот од Групацијата ТАВ

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во својот кабинет оствари средба со тимот од ТАВ ТЕПЕ АКФЕН, предводен од нивниот технички менаџер, Емрах Тосун.

На состанокот се разговараше за степенот на реализација на проектот финансиран од Групацијата ТАВ, за кој на Општина Кисела Вода и’ беа одобрени средства во висина од 13.784.000 денари.

Градоначалникот Ѓорѓиевски и се заблагодари на оваа турска групација преку чија инвестиција жителите на општина Кисела Вода добиваат подобрување на комуналната инфраструктура. Претставниците од  ТАВ ТЕПЕ АКФЕН пак, информираа дека 45 проценти од проектот за изградба на атмосферска и фекална канализација по улиците “Јордан Филиповски”, “Жил Верн” “Трпе Петревски” и “Стојан Стојановски“ се реализирани, а преостанатите е предвидено се довршат кон средината на декември. На средбата присуствуваше и дел од општинската администрација кој активно ги следи и координира активностите на терен, како и претставник на фирмата подизведувач, со цел да се изврши целосен увид во тековната состојба и изведбата на проектот да може да тече непречено и со предвидената динамика.

Средбата беше финализирана со подготвеност од двете страни за унапредување и продлабочување на соработката.