Силниот град со големина на орев кој вчера го зафати преспанскиот регион нанесе штета на околу 3.000 хектари овошни насади, со што го уништил роот за 30 до 100 отсто.
Најголеми штети се предизвикани во атарите на селата од Перово до Крушје. Покрај родот оштетени се и самите дрвца кои во наредниот период нема да даваат род.
Невремето предизвика поплави по улиците, а оштети и автомобили.