Градски комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ собраа и донираа над еден тон храна и хигиенски продукти во пресрет на Божиќ

Борис Шамбевски преку видео објавено на Фејсбук пишува дека Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ учествувало во акцијата „Важно е! Донирај – подари радост!“, со што успеале да соберат и да донираат над еден тон прехрамбени и хигиенски продукти.

„Скопјани ви благодарам!

Ова е плодот на вашата хуманост и добрина заради која успеавме да собереме и да донираме над еден тон прехранбени и хигиенски продукти, со кои некому ќе му ги разубавиме празниците за што најискрено уште еднаш ви благодарам!

Благодарам и на о. Oliver Petrovski за срдечноста и посветеноста.

Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ви благодари на сите кои се приклучивте и кои искрено ја поддржавте акцијата Важно е! Донирај-подари радост!

Најискрено ви ги честитаме божиќните празници!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.