„Градски паркинг“: Паркирање ќе се плаќа со скенирање на QR код

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ја известува јавноста дека за првпат воведува плаќање на услугата паркирање со скенирање на QR код, кој ќе биде достапен на сите информативни табли за начин на наплата, на сите зонски паркиралишта на ниво на градот со кои стопанисува претпријатието.

Наплата за услугата паркирање со скенирање на QR код преку мобилен телефон со активна банкарска платежна картичка може да изврши било кој корисник на зонските паркиралишта, домашен или странец.

Со воведување на оваа нова технологија, на нашите корисниците им овозможуваме лесно и брзо плаќање на услугата паркирање во само три чекори.

Доволно е само со камера од мобилниот телефон да се скенира кодот поставен на долниот десен агол од информативната табла на самото паркиралиште и да се следат чекорите за наплата преку платежна банкарска картичка.

Еден од приоритетите на раководството на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје е токму унапредување, модернизирање, а со тоа и олеснување на условите за корисниците преку воведување на нови технологии.