„Градски паркинг“ со поевтини цени од 1 март

На паркиралиштата со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ од 1 март ќе се плаќа поевтино. Советот на Град Скопје одлучи да ги намали цените за паркирање за 25 отсто. Цените во зависност од зоната се намалуваат меѓу 5 и 25 денари за час и ќе изнесуваат:

  • зона А0 – 75 денари, место досегашните 100 денари
  • зона А – 40 денари (досега 50 денари)
  • зона Б – 30 денари (од 40 денари)
  • зони Ц и Д – 25 денари (од 30 денари)