Графит во серијата: „„Татковина“ е расистичка“

„Татковина е расистичка серија“. Овој графит се провлече во култната серија „Татковина“ без никој да знае за тоа, освен авторите на графитот.

За снимањето на последната сезона на филмскиот серијал „Татковина“ биле ангажирани повеќе уметници за да изработат графити на ѕидовите, но по се изгледа никому не му текнало да провери што всушност значат овие графити.

Со цел да се постигне поголема автентичност во бегалскиот камп, уметниците требало да изработат графити, но никој не забележал дека на ѕидот на арапски пишувало „Татковина е расистичка серија“, „Татковина е шега, што не не’ насмеа“, како и други.

„Татковина е расистичка серија“
„Татковина е расистичка серија“

Уметниците Хеба Амин, Карам Кап и Стоун, дадоа изјава во која ја открија измамата и дадоа објаснување зошто го направиле ова.

Серијалот ја доби репутацијата на најсамоувереното шоу на телевизија, поради неговите неточни и неразновидни и целосно еднострани прикажувања на Арпаите, Пакистанците и Авганистанците како и неточната интерпретација на градовите Бејрут, Исламабад и така наречениот муслимански свет воопшто, велат тие.

Меѓу другите графити, што биле вметнати во серијата се и: „на оваа ситуација не треба да и се верува“, „шоуто не ги прикажува ставовите на уметниците“ и она што на многумина им се допадна „Татковина е лубеница“.