Граѓани кои живеат околу „Дрисла“ излегоа на протест

Жителите на населените места околу депонијата „Дрисла“ денеска протестираа пред влезот на депонијата поради одлуката на Град Скопје и градоначалникот Шилегов во „Дрисла“ да се носи ѓубре и од други  градови во Македонија.

-Депонијата  уште пред да се изгради, властите не ветија дека таа ќе биде регионална депонија, меѓутоа деновиве наназад се носи депонија и од Тетово, Гостивар и Струга што значи по се изгледа дека сакаат да ја направат централна депонија на ниво на држава. Општо е познато дека водите од планините водат кон низините, а сите знаат дека драчевското поле е обработливо земјиште и таму со децении наназад се произведуваат градинарски култури и можам да кажам дека Драчево е еден од главните дистрибутери на градинарските култури кои што го храни Скопје и околното население. А ова наводнување со подземни води носи разни болести врз градинарските култури особено откако се зголеми ѓубрето во депонијата Дрисла, вели еден од револтираните жители кои денеска излезе на протестот.

Тој додава дека ако се носи ѓубре од другите градови ќе се зголеми и капацитетот на загаденоста во почвата и градинарските култури.

Протестот ќе продолжи и во наредните денови.

-Сакаме власта да ја прашаме надвор од работно време што бараат шлепери да носат сомнителен товар? Полицијата треба да се заинтересира и да преземе мерки. Доказ дека е загадено е реката Маркова река која е загадена и нема жив растителен и животински свет во неа. МВР, секторот за организиран криминал како и Министерството за животна средина ги прашуваме што бараат шлепери во ноќни саати во Дрисла, потенцира еден од револтираните жители кои денеска протестираа пред влезот на депонијата.