„Граѓаните.мк“ нов проект на СОРОС за поддршка на СДСМ и „борците за слобода“

Фондацијата Отворено Општество, Транспарентост Македонија чиј долгогодишен раководител е Сашо Ордановски, Цивил на Џабир Дерала, МЦЕО на Лидија Димова од СДСМ, Метаморфозис на СОРОС, Плоштад Слобода и Го сакам ГТЦ каде предводник е првиот братучед на Шекеринска и човек кој физички нападна новинар Никола Наумовски.

На листата се Хелсиншкиот комитет за човекови права чија меѓународна организација повеќе не постои, а во чие собрание членоуваат Љубомир Фрчковски од СДСМ, Борјан Јовановски отворен лобист за СДСМ, Маргарита Цаца Николовска исто така од СДСМ, Петрит Сарачини и Никола Наумовски на кои заедничка карактеристика освен лобирањето и работење за СДСМ им е и тоа што физички сакаа да се пресметаат со нивинари, Алберт Муслиу, Калајџиев и други…вкупно 74 организации кои се финансирани директно со парите на СОРОС, а дел од нив и фантомски формирани за еднократка употреба.

Во обид да изгледаат побројни има и такви како што е организацијата Интернет Хотлајн Провајдер Македонија и десетина организации од Струмица кои освен пари од СОРОС добиваат многу често и пари од општината Струмица со која раковои токму Заев. Низ овие организации поминале или учествувале во нивните активности безмалку целото раководство и лобисти на СДСМ како Бранко Геровски, Грчев, Најчевска, Кабранов и други, што секако не може да бидат сите граѓани, туку точка во целокупното општетсво.

Проектот „граѓаните“ пералница на пари на СОРОС и СДСМ, а ниту денар за граѓаните на Македонија

СДСМ-18-конгрес-6

Пет милиони и 200 илјади евра изнесуваше последниот фискален буџет на СОРОС на Милчин за 2014 година. Толку пари добиле таканаречените невладини организации, медиумите блиски до СДСМ, митинзите на оваа партија, самонаречените интелектуалци, како и иницијативи кои потекнале од СОРОС. Овие пари се наменети директно кон рушење на демократски избраната влада и за остварување на лични бизнис интереси на кликата на СДСМ и луѓето кои управуваат со СОРОС.

Никој не знае како и колку пари се трошат. Ако се знае дека граѓаните.мк е чадор на СОРОС од 74 организации повеќе од сигурно е дека се во игра големи пари кои завршуваат во џебовите на луѓето кои излегуваат во јавност и плукаат по владата, а за тоа дебело се финансиски платени од СОРОС. Истовремено додека се трошат милиони, а пресметките се дека во повеќе од дваесетгодишното постоење на Сорос се потрошиле речиси 100 милиони евра граѓаните на Македонија не видоа ниту едно евро за добробита на државата и општеството. Со овие пари моежеше да се изгради комплетно нов автопат или нова клиничка болница и десетина учлилишта.

Тие буџети се искористени исклучиво за актициите на СОРОС против интересирте на граѓаните, а за интересите на СДСМ. Сето ова изгледа на голема пералница на пари, така да оние што во јавноста се прикажуваат за борци за слобода и права се всушност оние кои најубаво живеат и располагаат со милиони.