Граѓаните со јасна порака до потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, која како и Зоран Заев е поборник за враќање на средната класа, а ужива во разни луксузи. На влезот на Битола осамна транспарент со написот „Рада носи Прада“.
Со ова граѓаните уште еднаш порачаа дека се свесни и не можат да се манипулираат.
Имено, медиумите претходно објавуваа дека Шекеринска ужива да носи брендирана и скапа облека, чевли и чанти, а одморот да го поминува во куќи на монденски летувалишта на кои ноќевање чини и по повеќе илјади евра на ден, уживајќи и на јахти.